УТРО.мк

Голем дел од Тетово вечерва без струја: Граѓаните оставени без греење, меѓу нив и семејства со мали деца

Голем дел од Тетово вечерва без струја: Граѓаните оставени без греење, меѓу нив и семејства со мали деца
Vero

Голем дел од Тетово вечерва остана без електрична енергија, а засега нема официјални информации од ЕВН Електродистрибуција за причините за прекинот, ниту за тоа кога ќе биде нормализирано снабдувањето.

Прекинот предизвикува сериозни потешкотии за граѓаните, особено за домаќинствата кои се загреваат на електрична енергија. Дополнителна загриженост постои кај семејствата со мали деца, кои во вечерните часови остануваат без можност за соодветно загревање на своите домови.

Граѓаните очекуваат надлежните служби што поскоро да излезат со официјално објаснување за причините за прекинот и информација кога ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран