
Полицијата во Струга поднесе кривични пријави против две вработени жени, на возраст од 43 и 48 години, откако утврди дека лажно пријавиле разбојништво во спортска обложувалница и си ја поделиле парите од дневниот промет, покажува истрагата на надлежните органи.
На 30 декември 2025 година, двете жени пријавиле дека во обложувалницата влегло наводно машко лице со пиштол и ги принудило да му ги предадат парите од касата, по што исчезнало. Полицијата, меѓутоа, утврди дека такво лице не постоело и дека нападот е измислен.
Во текот на истрагата, истражителите соборија наводите за грабеж и констатираа дека жените сами си го пријавиле инцидентот со цел да прибават корист, по што сега се соочуваат со обвиненија за „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“.



























