УТРО.мк

Демант од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“: Нема 50 ученици во една училница, уписите се реализирани без проблеми

Демант од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“: Нема 50 ученици во една училница, уписите се реализирани без проблеми
Vero

Неодговорно е политички партии да шират непроверени и неточни информации за образовниот процес и на тој начин да создаваат непотребна вознемиреност кај учениците и родителите.

Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ преку соопштение јасно ги демантира тврдењата изнесени од партијата Левица.

Електронските уписи се реализирани без проблеми, а во августовскиот рок немало пријавени ученици за настава на македонски јазик, поради што и не биле објавени списоци за тие паралелки.

Дополнително, училиштето информира дека веб-страницата била хакирана, но проблемот е успешно надминат и страницата повторно функционира.

Како целосна невистина се отфрлаат и тврдењата дека по 50 ученици ќе следат настава во една училница.

Наместо политички манипулации и собирање дневни политички поени врз грбот на учениците, јавноста заслужува факти и одговорност. Образованието не смее да биде жртва на партиски конструкции и дезинформации.

Поддршка за наставниот кадар и раководството кои посветено работат за подобри услови и квалитетно образование за сите ученици.

Најдобро е Левица да се повлече од намерата да прави штета на тетовската гимназија која со новите инвестиции го врати сјајот кој го заслужува.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin