
ТЕТОВО – Поради планирани технички зафати во електро-мрежата, утре, четврток 04.06.2026 година, повеќе локации во тетовскиот регион ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од Електродистрибуција информираат дека прекините ќе се одвиваат во различни временски интервали, во зависност од населеното место:
Распоред на планирани исклучувања:
• с. Теново – дел од селото ќе биде без струја од 08:00 до 16:00 часот
• с. Слатино – објектите во близина на стариот пат кон с. Теарце ќе бидат исклучени од 09:00 до 14:00 часот
• с. Слатино – објектите во близина на фабрика Буљони, исто така од 09:00 до 14:00 часот
• с. Јелошник – објектите на влез во селото ќе бидат без напојување од 09:00 до 14:00 часот
• с. Непроштено – делот од гробиштата кон с. Лешок ќе остане без струја од 09:30 до 14:30 часот
• Тетово – дел од Клиничка болница Тетово, Дијагностички центар, ќе има прекин од 10:00 до 11:30 часот
Од надлежните служби апелираат до граѓаните и компаниите од наведените локации навремено да ги прилагодат своите активности и да ги исклучат електричните уреди за време на прекинот, со цел да се избегнат можни оштетувања при повторното вклучување на струјата.















