УТРО.мк

Дефект на Лешница, намален протокот на вода кон Тетово

Дефект на Лешница, намален протокот на вода кон Тетово
Vero

ЈКП „Шар“ – Тетово информира дека поради дефект на линијата Лешница, привремено е прекинато водоснабдувањето кон Филтрациската станица, поради интервенција за санација на дефектот.

Како последица на интервенцијата, протокот на вода во системот ќе биде намален од 430 на 330 литри во секунда, односно за околу 100 литри во секунда.

Од претпријатието информираат дека, доколку има потреба, ќе бидат активирани бунарските системи во градот со цел да се одржи стабилно водоснабдување за граѓаните.

Екипите на ЈКП „Шар“ веќе се на терен, а санацијата на дефектот е во тек. Од претпријатието најавуваат дека граѓаните навремено ќе бидат информирани за сите понатамошни промени поврзани со водоснабдувањето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin