УТРО.мк

Битолскиот клуб „Заншин До“ со историски успех и пласман на Европско првенство

Битолскиот клуб „Заншин До“ со историски успех и пласман на Европско првенство
Vero

Членови на карате клубот „Заншин До“ од Битола денеска беа примени во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски, каде што ги презентираа најновите спортски успеси. Тренерката Стевка Јанковска-Петковска го запозна градоначалникот со резултатите од натпреварите, меѓу кои и од Државното првенство за кадети и јуниори, одржано во ноември во ОУ „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто.

Битолскиот клуб „Заншин До“ освои златен и сребрен медал во ката тим, а златото на Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски им обезбеди пласман на Европското првенство во ката тим мажи, што ќе се одржи во Лимасол, Кипар. Според клубот, ова е историски резултат – првпат битолски ката тим во категоријата кадети-јуниори станува државен првак.

Сребрен медал во ката тим освоија Леона Алиловска, Елена Јончевска, Емилија Илковска и Надалина Талевска.

Градоначалникот Коњановски им честиташе за извонредните резултати и нагласи дека младите каратисти се вистински спортски амбасадори на Битола.

Клубот „Заншин До“, основан во 2012 година, е единствениот карате клуб од Битола кој е член на Карате федерацијата на Македонија, организација со 59-годишна традиција и 80 клубови од целата држава, истакна тренерката Јанковска-Петковска.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран