Андреј Гулабовски, претседателот на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) во Битола, денеска објави дека си поднел оставка од функцијата, наведувајќи лични причини. Веста ја соопшти преку својот Фејсбук профил, без дополнителни детали за причините поради кои се повлекува пред истекот на мандатот.
„Честа да го водам ЛК на СДСМ Битола за мене значеше борба за секој поединец, многу активизам, многу идеи, другарство и хуманост. Животни лекции кои ќе ги паметам цел живот“, напиша Гулабовски, истакнувајќи благодарност кон локалното и централното раководство на партијата.
Гулабовски стана претседател во август 2022 година. Тој е дипломиран правник, а при стапувањето на функцијата најави активна борба за младинските права во Битола преку иновативен активизам и поднесување иницијативи до Советот на Општината. Неговото мото тогаш беше „Млади сме и должни и сме на Битола“.
Причините за неговото повлекување засега остануваат непознати, но во јавноста веќе се поставуваат прашања што се случувало во меѓувреме и дали има подлабока позадина зад овој потег.