УТРО.мк

Зимската опрема станува задолжителна: Еве од кога возачите ризикуваат казна од 45 евра

Зимската опрема станува задолжителна: Еве од кога возачите ризикуваат казна од 45 евра
Vero

Од сабота, 15 ноември, започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март 2027 година. Возачите кои нема да ги почитуваат пропишаните правила ризикуваат парична казна од 45 евра во денарска противвредност.

Според прописите, за патничките возила со најголема дозволена маса до 3.500 килограми постојат две можности за исполнување на оваа законска обврска.

Првата можност е возилото да биде опремено со зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарата од четири милиметри.

Втората можност е користење летни пневматици со длабочина на шарата од најмалку четири милиметри, но во тој случај возачите задолжително треба да поседуваат синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала.

Ова значи дека возачите не се обврзани задолжително да постават зимски гуми, доколку нивните летни пневматици ги исполнуваат пропишаните услови и во возилото имаат соодветни синџири за снег.

Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот навреме да ги подготват своите возила за зимските услови.

Поседувањето соодветна зимска опрема не претставува само законска обврска, туку и важна мерка за зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено при ниски температури, врнежи од снег и појава на голомразица.

Законската обврска ќе важи четири месеци, односно до 15 март 2027 година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран