УТРО.мк

Возачите ги научиле камерите – МВР подготвува нов начин за снимање прекршоци

Возачите ги научиле камерите – МВР подготвува нов начин за снимање прекршоци
Vero

Полициските возила, вклучително и цивилните, ќе добијат уреди за откривање сообраќајни прекршоци, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Новата мобилна контрола е предвидено да почне во 2027 година и да ги опфати патиштата каде што нема фиксни камери од системот „Безбеден град“.

Според Тошковски, голем број возила на МВР ќе бидат опремени со технологија за регистрирање повеќе видови прекршоци, пред сè возење со брзина поголема од дозволената.

Министерот оцени дека дел од возачите ги почитуваат правилата само на локациите каде што знаат дека има камери.

„Сега ги научивме камерите каде се и знаеме дека каде што има камера возиме така како што треба, а каде што нема камера повторно имаме поинаков тип на управување со моторно возило“, рече Тошковски.

Прекршоците регистрирани со мобилните уреди, според најавата, директно ќе се внесуваат во електронскиот систем. Контролите нема да бидат врзани само за однапред познати локации.

Тошковски не прецизираше колку полициски возила ќе бидат опремени. Целта, како што посочи, е поголема дисциплина кај возачите и подобра безбедност на патиштата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран