УТРО.мк

Планирате патување во Дубаи? Директните летови од Скопје се враќаат

Планирате патување во Дубаи? Директните летови од Скопје се враќаат
Vero

Авиокомпанијата „Флајдубаи“ најави обновување на директните летови меѓу Скопје и Дубаи од 1 април 2027 година. Според најавениот распоред, летовите ќе се извршуваат трипати неделно — во понеделник, четврток и сабота.

Со обновувањето на линијата, патниците од Македонија ќе добијат директна врска со Дубаи и можности за продолжување кон други меѓународни дестинации преку мрежите на „Флајдубаи“ и партнерската авиокомпанија „Емирати“.

Главниот извршен директор на „Флајдубаи“, Гаит Ал Гаит, оценува дека враќањето во Скопје ќе отвори нови можности за туризам, трговија и културна размена.

Од компанијата посочуваат дека линијата ќе понуди поголема флексибилност за туристите, деловните патници и дијаспората, вклучително и за патувањата од Австралија и Азија.

Преку партнерството со „Емирати“ се најавуваат поврзувања кон дестинации како Шангај и Сингапур, а преку мрежата на „Флајдубаи“ и кон Бангкок, Коломбо и Занзибар. За поврзаните летови се предвидува можност за единствена резервација и пријавување на багажот до крајната дестинација.

„Флајдубаи“ првпат ја воспостави линијата Скопје–Дубаи во октомври 2012 година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран