УТРО.мк

Во недела ќе спиеме помалку: Часовниците се поместуваат напред

Во недела ќе спиеме помалку: Часовниците се поместуваат напред
Vero

Летното сметање на времето стартува овој викенд, со што граѓаните ќе спијат еден час помалку. Промената ќе се случи во недела, на 29 март, во 02:00 часот по полноќ, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, односно ќе покажуваат 03:00 часот.

Со оваа промена, денот ќе трае 23 часа наместо вообичаените 24, што практично значи пократко деноноќие и порано разденување. Летното сметање на времето ќе важи до последниот викенд во октомври, кога повторно ќе се вратиме на зимското време.

Главната цел на оваа пракса е поефикасно користење на дневната светлина, со што се намалува потрошувачката на електрична енергија. Сепак, во последните години сè почесто се отвора прашањето дали ваквото поместување на часовникот треба целосно да се укине.

Во Европа веќе подолго време се водат дебати за воведување единствено време во текот на целата година, но засега нема заеднички договор меѓу државите. Дел од земјите се залагаат за задржување на зимското сметање, додека други преферираат постојано летно време.

Промената на времето има и потенцијално влијание врз здравјето. Многу луѓе пријавуваат замор, нарушен сон и промени во расположението по поместувањето на часовникот. Според одредени истражувања, на организмот му се потребни околу две недели за целосно да се прилагоди на новиот ритам.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран