УТРО.мк

Македонскиот режисер Оливер Мицевски почина на 46 години

Македонскиот режисер Оливер Мицевски почина на 46 години
Vero

Македонскиот театар изгуби еден од своите најинвентивни современи режисери. Оливер Мицевски почина на само 46 години, соопшти Народниот театар Битола.

По долгогодишна работа во Лондон, Мицевски се врати во Македонија во јуни 2025 година, на сцената во Битола, каде ја постави претставата „Едмонд“, првпат по 14-годишна пауза од домашниот театарски живот.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2009 година ја добил престижната стипендија од норвешката влада за специјализација на делото на Хенрик Ибсен во Центарот Ибсен на Универзитетот во Осло.

Мицевски ја градеше својата кариера низ Европа, создавајќи уникатни проекти во повеќе градови. Во Будимпешта ја основа иновативната сцена „Театар на покривот“ со англиски репертоар, преку која експериментираше со современи форми и минималистички концепти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран