Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие на територијата на Македонија биле регистрирани 23 пожари на отворен простор.
Од нив, 20 се изгаснати, два се ставени под контрола, а еден пожар сè уште е активен. Активниот пожар е во атарот на селото Долгаец, општина Долнени, каде што гори мешана шума.
Под контрола се пожарите во подрачјето „Јасен“ кај Македонски Брод и на планината Кожуф во општина Гевгелија.
Изгаснатите пожари најмногу зафатиле ниска вегетација, стрништа и депонии во повеќе општини низ државата.