
Граѓаните во последните денови добиваат сомнителни пораки во кои се наведува дека системот „Сејф сити“ регистрирал сообраќаен прекршок и дека е потребна итна проверка или плаќање преку приложен линк.
Станува збор за фишинг-измама, чија цел е да ги наведе корисниците да кликнат на лажни интернет-страници и да внесат лични податоци или банкарски информации.
Ваквите пораки најчесто се испраќаат од непознати броеви или е-мејл адреси, а содржат елементи на итност и закани за казни, што е карактеристичен знак за интернет измами.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат линкови од сомнителни пораки, да не внесуваат лични и финансиски податоци на непроверени страници, како и да ги пријават ваквите обиди за измама.
Целта на овие пораки е кражба на податоци, поради што се препорачува зголемена внимателност при комуникација преку електронски канали.























