УТРО.мк

Иново Статус, Комерцијална банка и Алкалоид го носеа прометот; МБИ10 порасна за 0,12%

Иново Статус, Комерцијална банка и Алкалоид го носеа прометот; МБИ10 порасна за 0,12%
Vero

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 04.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.952,98 поени, со дневен раст од 0,12%, односно 12,28 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 27.988.103 денари. Ликвидноста ја водеа блок-трансакцијата со Иново Статус Скопје, како и редовното тргување со Комерцијална банка Скопје и Алкалоид Скопје, при што вкупниот промет беше значајно поддржан од блок-трансакцијата.

 

Топ добитници

• Алкалоид Скопје +0,91%

• Реплек Скопје +0,62%

• ТИТАН УСЈЕ АД Скопје +0,60%

Топ губитници

• Макстил Скопје –2,26%

• Гранит Скопје –1,29%

• Стопанска банка Скопје –1,01%

Најтргувани хартии од вредност

• Иново Статус Скопје – 9.870.207 денари (блок-трансакција)

• Комерцијална банка Скопје – 4.651.760 денари

• Алкалоид Скопје – 3.136.470 денари

 

Во обврзничкиот сегмент не е прикажан промет. Кај наведените обврзници во дневната официјална листа прометот е 0 денари, а ОМБ изнесуваше 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран