УТРО.мк

ВЛЕН: Патриотизмот се докажува со работа – над 300 проекти и подобри услови за граѓаните

ВЛЕН: Патриотизмот се докажува со работа – над 300 проекти и подобри услови за граѓаните
Vero

ВЛЕН информира дека во изминатата недела се реализирани значајни чекори во повеќе области, меѓу кои над 300 инфраструктурни проекти во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина, автопатот Скопје–Блаце и намалувањето на чекањата на граничниот премин со Косово.

Од ВЛЕН посочуваат дека преку работата започната во Министерството за животна средина и просторно планирање од страна на Изет Меџити и продолжена од Мухамет Хоџа, обезбедени се средства и започната е реализација на над 300 проекти низ целата држава.

„Станува збор за водоводи, канализациони системи, пречистителни станици и инвестиции кои директно го подобруваат животот на стотици илјади граѓани“, велат од ВЛЕН.

Од партијата додаваат дека паралелно се воспоставува регионален систем за управување со отпад и се подготвуваат регионални центри, со цел решавање на долгогодишните проблеми со дивите депонии.

Во соопштението се наведува и дека автопатот Скопје–Блаце, кој според ВЛЕН со години бил само ветување, сега влегува во фаза на реализација со обезбедено финансирање од околу 200 милиони евра.

ВЛЕН потенцира дека системот „One Stop Shop“ на границата со Косово придонел за намалување на чекањата и зголемување на бројот на патници за 45 проценти, а најавуваат дека истиот модел ќе биде применет и на границата со Албанија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin