УТРО.мк

Викендов повторно над 40 степени, во недела (6 јули) локално силно невреме кај нас!

Викендов повторно над 40 степени, во недела (6 јули) локално силно невреме кај нас!
Vero

Викендов нашата Република Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. И во Скопскиот регион викендов ќе имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, како и негово повремено засилување на интензитет.

Сепак, поради продор на поладен воздух од север на висина, утре (недела 6 јули) во попладневните часови ќе имаме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час), силни електрични празнења и со услови за појава на град кој би можел да биде и покрупен. Ваквите поинтензивни атмосферски процеси особено ќе ги има во планинските предели.

Што се однесува до температурите, тие викендов и понатаму насекаде низ нашата Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие локално повторно ќе надминуваат 40 степени. И во Скопје и околината температурата викендов ќе достигне до околу 40 степени, или ќе надминува 40 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам, осоебно оние повозрасните граѓани без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот). Исто така, на граѓаните ги советувам да пијат и повеќе течности за време на овие големи летни горештини.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран