
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информира дека сите државни патишта низ Македонија се исчистени од снег и се проодни.
„Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат. А, снегот дава дополнителна убавина на нашата Македонија!“, порача Николоски.
Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да патуваат внимателно, и покрај подобрените услови на патиштата.



























