УТРО.мк

Ви фалат до 2 години стаж? Владата подготвува можност да ги докупите

Ви фалат до 2 години стаж? Владата подготвува можност да ги докупите
Vero

Граѓаните на кои им недостигаат најмногу две години стаж за да го исполнат законскиот услов од најмалку 15 години стаж би можеле да добијат можност самостојно да го надополнат периодот што им недостига и да остварат право на старосна пензија.

Можноста ја најави министерот за социјална политика Ѓоко Велковски. Според предложеното решение, оваа опција би важела за лицата кои имаат најмалку 13 години стаж, ги исполнуваат условите за старосна пензија и повеќе не се активни осигуреници.

Предвидено е стажот да може да се докупи за период од најмногу 24 месеци. Граѓаните сами би ги уплатувале придонесите за месеците што им недостигаат.

Висината на уплатата ќе зависи од бројот на месеци што треба да се надополнат, а придонесите би се пресметувале врз основа на половина од просечната плата од претходната година.

По уплатата на придонесите, висината на пензијата би се утврдувала според редовната законска формула, односно врз основа на вкупниот пензиски стаж и остварените примања во текот на работниот век.

Законското решение сè уште е во фаза на разгледување во Владата. Доколку биде усвоено, лицата на кои им недостигаат до две години стаж би добиле можност да го надополнат потребниот период и да го исполнат условот за стекнување право на пензија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin