УТРО.мк

Вевчанскиот карневал 2026: Традицијата под маски

Вевчанскиот карневал 2026: Традицијата под маски
Vero
vevcanski karneval
vevcanski karneval

Вевчани повторно се подготвува за магијата на својот легендарен карневал. На 12 и 13 јануари, ова мало македонско село ќе се претвори во сцена на традиција, музика и шаренило кое го привлекува вниманието на цел Балкан. Централната поворка ќе се одржи на 13 јануари од 13 часот, кога карневалците од двете маала ќе се сретнат на плоштадот, во еден спектакуларен карневалски дефиле што го симболизира вечниот спој на минатото и сегашноста.

Карневалот не е само шоу, туку живо сведоштво на културното наследство на Вевчани кое брои околу 1.400 години. Со корени во паганските обичаи, надополнети со христијанска традиција и современа сатирична енергија, Вевчанскиот карневал е ритуал на прочистување и обновување – симболичен премин од старата во новата година, исполнет со весели игри, маски и духовитост.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран