УТРО.мк

Јајцата поевтинуваат: Маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок

Јајцата поевтинуваат: Маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок
Vero

Цената на јајцата во малопродажбата од денеска е значително намалена и во поголем дел од маркетите е вратена на нивото од пред големото поскапување забележано во ноември минатата година. Потрошувачите веќе можат да ги купат јајцата по пониски цени, при што таблите се поевтинети за десетици денари.

Во дел од продажните ланци табла од 30 јајца која до вчера се продавала за околу 370 денари, денес чини 279 денари, што е намалување од речиси 100 денари. Кај помалите пакувања, таблата од 10 јајца која се продавала за 135 денари, сега се нуди за 99 денари. Намалувањето кај поголемите табли изнесува од 60 до 80 денари, додека кај помалите од 30 до 40 денари.

Добавувачите најавуваат дека дел од маркетите допрва ќе ги коригираат цените во наредните денови, па се очекува поевтинувањето да стане уште поизразено и пошироко присутно на пазарот.

Цените на јајцата драстично пораснаа кон средината на ноември 2025 година, кога во рок од неколку дена беше регистриран раст од 20 до 30 проценти. Тогашното поскапување предизвика незадоволство кај граѓаните, бидејќи јајцата се основна намирница во секојдневната исхрана.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран