
Велес веќе четврта недела се бори со невиден бран на грип, а последниот викенд ја достигна критичната точка. Бројот на пациенти од сите возрасти нагло скокна, предизвикувајќи огромен притисок врз Итната медицинска служба која работи со намален број вработени.
„Ситуацијата е сериозна. Луѓето доаѓаат со екстремно висока температура што не паѓа денови, силни болки во коските и мускулите, интензивна кашлица и целосна изнемоштеност“, вели д-р Славица Нешова Пановски, портпаролка на Итната помош.



























