УТРО.мк

Македонија на чекор до „роаминг како дома“ во ЕУ: Андоновски најавува завршување на домашните задачи до февруари

Македонија на чекор до „роаминг како дома“ во ЕУ: Андоновски најавува завршување на домашните задачи до февруари
Vero
stefan andonovski
stefan andonovski

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека Македонија е на добар пат да ја добие поволната опција „роаминг како дома“ во Европската Унија, со што граѓаните ќе можат да ги користат мобилните услуги во ЕУ по домашни тарифи. Според него, домашните обврски се главната пречка, а нивното завршување се очекува до февруари.

„Нашиот фокус е да ги завршиме домашните задачи, а тоа ќе го направиме до февруари. Потоа следи политичката страна – лобирање и договори на ниво на Македонија со ЕУ и на регионот со Унијата“, изјави Андоновски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Министерот објасни дека за Македонија, како и за другите земји од Западен Балкан, процесот зависи од исполнување на домашните регулативи. Се работи за четири европски регулативи кои треба да се имплементираат во Законот за електронски комуникации, како и еден или два подзаконски акта.

„Ова е едно од најважните прашања за граѓаните, слично по значење како и визната либерализација. Чувството да си дел од поширокиот европски простор и да можеш да ги користиш телекомуникациските услуги без дополнителни трошоци е огромна придобивка“, посочи Андоновски.

Тој истакна дека постои и политички аспект кој влијаел на редоследот на земјите што добиле оваа можност. „Украина и Молдавија беа на ‘брза лента’ поради специјалните околности со војната и бегалците, па тие веќе ја користат оваа поволност. За нас, Црна Гора и Албанија, процесот се очекува да се реализира во текот на 2026 година, откако ќе ги завршиме домашните обврски“, објасни министерот.

Андоновски категорично одби каква било оценка дека Македонија покажува недостаток на иницијатива. „Не е прашање на иницијатива. Уште од почетокот на Берлинскиот процес баравме еднакви услови за роаминг во регионот. Проблемот беше што домашните обврски не беа завршени навреме. Украина и Молдавија имаа политички предност, додека кај нас, Црна Гора и Албанија, договорите треба да се решаваат билатерално“, објасни Андоновски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран