УТРО.мк

Судот во Велес ја запре постапката против поранешниот судија Лазар Нанев

Судот во Велес ја запре постапката против поранешниот судија Лазар Нанев
Vero

Основниот суд во Велес соопшти дека е запрена кривичната постапка против Лазар Нанев, поранешен судија и претседател на Основниот суд во Кавадарци.

Постапката, која се однесуваше на обвинение за „Несовесно работење во службата“ по член 353-в ст.4 од Кривичниот законик, беше поведена по обвинителен предлог на Основното јавно обвинителство – Велес од 23 јуни 2025 година. Во соопштението на судот се наведува дека постапката е запрена врз основа на чл.62 ст.2 од Законот за кривична постапка, поради тоа што Обвинителството на 2 март 2026 година го повлекло обвинителниот предлог и се откажало од понатамошно гонење.

Лазар Нанев беше разрешен од судиската функција на 16 октомври 2024 година од страна на Судскиот совет поради дисциплински постапки, поврзани со телефонски контакти со обвинет во предмет што го водел, како и пријава за наводни притисоци и недолично однесување поднесена од обвинителка од Кавадарци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран