УТРО.мк

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од „Безбеден град“: Мотоциклите автоматски се санкционираат за брзо возење

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од „Безбеден град“: Мотоциклите автоматски се санкционираат за брзо возење
Vero

Системот „Безбеден град“ започна автоматски да ги регистрира и мотоциклите кои ги прекршуваат сообраќајните правила, односно оние кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е пронајдено техничко решение со кое прекршоците направени од мотоциклистите може автоматски да бидат детектирани и регистрирани на територијата каде што е имплементиран системот.

„Нека не се изненадат оние кои глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, дека ќе бидат предмет на санкционирање од страна на системот ‘Безбеден град’“, порача Тошковски.

Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека целта на мерката е пред сè зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на мотоциклистите, но и на останатите учесници во сообраќајот.

Засега автоматското санкционирање на мотоциклите преку системот „Безбеден град“ се однесува на прекршоците поврзани со надминување на дозволената брзина.

Надлежните очекуваат наскоро да бидат достапни и првите официјални податоци за бројот на мотоциклисти кои биле регистрирани и санкционирани преку системот.

Воведувањето на автоматската детекција на прекршоците кај мотоциклите е дел од пошироките активности за зголемување на дисциплината во сообраќајот и намалување на ризиците за сите учесници на патиштата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin