
Низ поголемиот дел од денот времето ќе биде ведро и пријатно, со појава на мала до умерена облачност на одделни места. Ќе се чувствува слаб до умерен ветер кој ќе дува од северниот правец. Утринските температури ќе се движат од -2 до 6 степени, додека во текот на денот живата во термометарот ќе се искачува во интервал од 13 до 19 степени.
Во главниот град ќе преовладува претежно сончево време со малку облаци. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата наутро ќе се спушти околу 2 степени. Во попладневните часови, пак, максималната температура ќе достигне приближно 17 степени.























