
Хрватското Министерство за надворешни работи ги повика граѓаните да не се вознемируваат поради неодамнешната препорака на Србија, според која нејзините државјани треба да патуваат во Хрватска само во случаи на итна потреба. Во официјалната изјава, министерството истакнува дека Хрватска е членка на Европската унија, НАТО и Шенген зоната, и дека според податоците на Евростат спаѓа меѓу најбезбедните држави во Европа.























