УТРО.мк

Сончево и релативно топло до утре, дожд и снег преку викендот

Сончево и релативно топло до утре, дожд и снег преку викендот
Vero
sonce
sonce

Македонија денеска ќе ужива во мирно и релативно топло зимско време, со многу сонце и само повремена облачност. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, утринските часови во одделни котлини може да донесат магла, но таа брзо ќе се расчисти во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, без значително влијание врз чувството на температура.

Утринските минимални температури ќе се спуштаат под нулата и ќе се движат меѓу -1 и -6 степени, додека дневниот максимум ќе достигне од 6 до пријатни 14 степени Целзиусови.

Во главниот град времето ќе биде претежно сончево, со мала локална облачност. И тука постои можност за утринска магла во делови од Скопската котлина. Температурите ќе варираат од -5 степени наутро до околу 9 степени во текот на денот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран