
На денешната 90-та седница, пратениците во Собранието ќе пресечат за кадровски освежувања во два значајни ресори, одбраната и образованието. Пред нив е предлогот Адмир Шабани, кој јавноста го памети како поранешен портпарол на Државната изборна комисија, да дојде на местото заменик-министер за одбрана. Покрај него, и Дритон Сулејмани, досегашен советник во Општина Куманово и гласноговорник на политичката опција Вреди, е предложен за заменик-министер за образование и наука.























