УТРО.мк

Снежна идила на Попова Шапка: 58 сантиметри снег и температури под нулата

Снежна идила на Попова Шапка: 58 сантиметри снег и температури под нулата
Vero

Денеска Попова Шапка се разбуди во вистинска зимска идила. Утрово се измерени -3 степени Целзиусови, додека висината на снежната покривка достигнува 58 сантиметри.

Иако сите се подготвувавме за пролет, планинскиот центар сè уште е под снежна покривка и нуди вистинска зимска атмосфера.

Ваквите временски услови се особено привлечни за туристите и скијачите, кои и во овој период од годината имаат можност да уживаат во квалитетен снег и чист планински воздух. Попова Шапка и понатаму останува една од најатрактивните дестинации во земјава за зимски туризам, а ваквите снежни денови дополнително го продолжуваат скијачкиот период.

Фотографијата е превземена од Kajak.mk

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран