УТРО.мк

СИТЕ НА МАСА ОСВЕН ФИЛИПЧЕ: Ахмети ја прифати покана од Мицкоски

СИТЕ НА МАСА ОСВЕН ФИЛИПЧЕ: Ахмети ја прифати покана од Мицкоски
Vero

ДУИ вечерва потврди дека Али Ахмети утре ќе присуствува на лидерската средба што ја свика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Засега не се знае каков став ќе има Ахмети за прашањето за техничката влада. Пратеничката Фадила Зендели изјави дека конечната одлука за тоа останува до утре, и дека ставот за укинување на техничката влада е ексклузивно право на претседателот на партијата.

Од поканетите, единствен кој ќе остане надвор од средбата е Венко Филипче. Тој изјави дека не сака да седи на иста маса со, како што ги нарече, „криминалци“, и дека најмалку сака да разговара за укинување на пржинската техничка влада.

Од коалициските партнери на Владата, на средбата се очекува да присуствуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, од коалицијата „Вреди“.

Левицата, пак, најави дека ќе прифати укинување на техничката влада, но само ако се воведе една изборна единица. Пратеникот Амар Мециновиќ истакна дека Левицата ќе присуствува на лидерската средба со цел да влезе во конструктивен дијалог со парламентарното мнозинство.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран