УТРО.мк

Системот „Безбеден град“ се шири во Охрид и Струга: Камери се поставуваат пред туристичката сезона

Системот „Безбеден град“ се шири во Охрид и Струга: Камери се поставуваат пред туристичката сезона
Vero

Електронскиот систем за автоматско детектирање и санкционирање сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ наскоро ќе стане активен и во Охрид и Струга, во пресрет на зголемениот интензитет на сообраќај за време на туристичката сезона.

Од Секторот за внатрешни работи Охрид информираат дека во тек е инсталација на вкупно 40 камери на повеќе локации. Дел од уредите веќе се поставени на кружните текови кај влезовите на Охрид, како и во централното градско подрачје. Покрај тоа, видеонадзор постои и на делници од патниот правец Охрид–Кичево, поточно во близина на селата Горенци и Требеништа, како и во реонот на Ботун и Ново Село во општина Дебрца.

Во моментов, системот се наоѓа во тест-фаза, при што се вршат проверки на неговата функционалност и точност пред официјалното пуштање во употреба.

Инаку, „Безбеден град“ веќе е оперативен во неколку поголеми градови во земјава, меѓу кои Скопје, Куманово и Тетово, како и долж клучните патни правци на коридорите 8 и 10, каде што активно регистрира и санкционира прекршоци во сообраќајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран