УТРО.мк

Тошковски: 14 лица повикани на разговор за случајот со врсничко насилство во Ѓорче Петров

Тошковски: 14 лица повикани на разговор за случајот со врсничко насилство во Ѓорче Петров
Vero

Во врска со случајот на врсничко насилство врз шестоодделенка во Ѓорче Петров, каде што според информациите девојчето било изложено на малтретирање од три соученички, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека истрагата е во тек и дека досега на разговор се повикани вкупно 14 лица.

Тој појасни дека меѓу повиканите се и родители на учениците кои се поврзуваат со настанот, нагласувајќи дека постапката се води во координација со Јавното обвинителство и под надзор на надлежен обвинител. Според него, за дел од лицата веќе се разгледуваат понатамошни процесни чекори, но поради тоа што станува збор за малолетници, јавноста ќе добива ограничени информации.

Министерот истакна дека полицијата и институциите не го занемаруваат врсничкото насилство, иако во јавниот фокус во изминатиот период повеќе доминирале случаите на семејно насилство. Тој нагласи дека МВР делува и превентивно и репресивно, но дека е неопходен поширок, системски одговор во кој ќе бидат вклучени сите надлежни чинители.

Посебно внимание, според него, мора да се посвети на улогата на родителите, кои имаат клучно влијание во воспитувањето и однесувањето на децата во образовниот процес. Во таа насока, Тошковски упати апел до родителите и општеството да се вклучат поактивно во справувањето со овој проблем, кој, како што рече, е присутен и почест отколку што јавноста има увид.

Тој додаде дека во јавноста најчесто излегува само дел од ваквите случаи, додека голем број остануваат надвор од вниманието на јавноста. Според него, институциите, експертите и семејствата мора заеднички да работат на превенција, едукација и јасно разграничување на прифатливо и неприфатливо однесување кај младите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран