УТРО.мк

Сиљановска-Давкова со честитка до верниците Католици  по повод Велигден: Порака за надеж, солидарност и заедништво

Сиљановска-Давкова со честитка до верниците Католици  по повод Велигден: Порака за надеж, солидарност и заедништво
Vero

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до верниците од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Велигден, истакнувајќи ја неговата духовна и општествена важност.


Во својата порака, таа нагласува дека Христовото воскресение е симбол на животот, надежта и духовната сила, кој веќе два милениума ги инспирира верниците да ја негуваат духовноста и да даруваат љубов и добрина.
Претседателката изрази надеж дека велигденските празници ќе донесат радост, мир и хармонија во домовите на граѓаните, како и повеќе ведрина и оптимизам во општеството. Таа упати повик до сите да покажат хуманост, солидарност и грижа за оние на кои им е потребна помош.


Во честитката се потенцира и значењето на заедништвото, особено во периоди на предизвици, со порака дека токму преку сплотеност и меѓусебна поддршка може да се надминат тешкотиите и да се придонесе за општиот просперитет.
„Велигден нека ни донесе утеха, мудрост и хуманост“, е пораката што ја испраќа претседателката до верниците.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран