
По катастрофалниот пожар што избувна на новогодишната ноќ во ски-центарот Кран-Монтана во Швајцарија, швајцарските власти покренаа присилна истрага против менаџерите и одговорните за дискотеката каде што животот го загубија најмалку 40 лица, додека повеќе од 100 беа повредени.
Семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани – „Пулс“, каде на 16 март минатата година животот го загубија 63 млади луѓе, со голема емпатија ја следат истрагата во Швајцарија и ја поздравуваат правната постапка што се води таму.
Членовите на здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, кои самите ја преживеале болката од ненадејната загуба на најблиски во огнената стихија, упатија писмо со сочувство до швајцарската амбасада, истакнувајќи дека ја носат истата рана и дека разбирaт колку навистина боли ваква трагедија.
„Знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот. Знаеме како боли кога ќе остане празно столче и кога тишината зборува погласно од зборовите“, се вели во нивната потресна порака упатена до семејствата на загинатите и до повредените во Кран-Монтана.
Истрагата во Швајцарија, која се води по трагедијата во Кран-Монтана, се смета за важен чекор кон правдата за семејствата на жртвите, потенцирајќи важноста на правосудните постапки кога станува збор за големи трагедии со загуби на човечки животи.



























