
Од утре, 28 октомври, се воведува привремен сообраќаен режим на автопатот А2, на делницата Кичево–Охрид, во делот Пресека–Песочан до клучката Арбиново.
Како што информира ЈП „Македонијапат“, измената е поради градежни работи за санација на левиот коловоз.
Привремениот режим ќе важи до завршување на санацијата. Во известувањето не е наведен конкретен датум за завршување на работите.























