
Денес во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, официјално ќе бидат пуштени во употреба шесте целосно реновирани операциони сали на хируршките клиники. На настанот ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе ја види одблиску модернизацијата која треба да ги подигне стандардите на јавната здравствена услуга.























