Во овие утрински часови од денешниот ден (среда 17 септември) во нашата Република Македонија имаме повеќе облачност но сеуште имаме релативно високи минимални утрински температури на воздухот. Облачноста која ја имаме е најава за продорот на поладен воздух од север кој ќе биде проследен со засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во нашата Македонија во овие утрински часови.