
Во раните утрински часови, нешто по еден часот по полноќ (01:14), сеизмографите на телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава забележаа земјотрес што доаѓа од јужното соседство. Потресот, регистриран од станиците распоредени низ целата територија на Република Македонија и со кои управува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, имал епицентар во Република Грција, на приближно 116 километри југоисточно од главниот град.



























