
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата, на одредени места атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни, со пообилни врнежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат од 25 до 31 степен Целзиусов.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека од утре до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер, претежно од северен правец.

















