УТРО.мк

Почина 69-годишен пациент по компликации од грип – здравствените власти апелираат на вакцинација

Почина 69-годишен пациент по компликации од грип – здравствените власти апелираат на вакцинација
Vero

Во Скопје почина 69-годишен пациент, кој се бореше со сериозни комликации предизвикани од грип, соопштија здравствените власти.


Мажот беше хоспитализиран во клиничка здравствена установа поради тешка клиничка слика, предизвикана од вирусот на сезонски грип, кој во последните недели бележи зголемен интензитет во текот на зимскиот период. Покрај вирусната инфекција, кај пациентот се развиле и сериозни респираторни и системски компликации што ја влошиле неговата здравствена состојба.


Лекарите гајеле надеж за негово стабилизирање, но по подолга и тешка битка, мажот не успеал да ја надмине критичната фаза на болеста и на крајот починал.
Овој случај повторно ја истакнува важноста на правовремената вакцинација против грип, особено кај ризичните групи – лица над 60 години, хронично болни, имунокомпромитирани и други пациенти со повисок ризик од тешки компликации.


Здравствените инспекции уште еднаш апелираат до граѓаните да се вакцинираат пред почетокот на грипната сезона и да се придржуваат до превентивните мерки како:
редовно миење раце,
избегнување на големи групи луѓе при епидемии,
добар режим на исхрана и одмор.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран