
По заминувањето од премиерската функција и повлекувањето од активната партиска сцена, Владо Бучковски, некогашен специјален владин претставник за односите со Бугарија, сега се обидува да ги освои деловните води. Според податоците од Централниот регистар, Бучковски е единствен сопственик на новооснованата компанија „Хербос ДООЕЛ Скопје“, која е регистрирана на почетокот од 2025 година и се занимава со трговија на големо со пијалаци.
Управител на фирмата е Елисавета Коваческа Коруноска, а самата компанија, како што потврдува и Бучковски, ќе се фокусира на трговија, посредување и консалтинг. За дополнителни детали, поранешниот премиер најавува дека јавноста ќе биде информирана во иднина.



























