
Во Неготино започнува значаен инфраструктурен проект кој ќе го трансформира градот и ќе ја подобри секојдневницата на жителите. Со инвестиција од 29.603.854 денари, целосно обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт и врски, се реализира изградбата на „Урбана заедница 5, урбан блок 5.1“.
Проектот предвидува пробивање и уредување на нови улици со вкупна должина од 550 метри, како и изградба на целосна комунална инфраструктура, која опфаќа водовод, атмосферска и фекална канализација. Станува збор за современа и функционална урбана средина која ќе овозможи сигурност и квалитет на живот за сите жители.



























