УТРО.мк

Дали стартот на „Сејф сити“ ќе биде пролонгиран?

Дали стартот на „Сејф сити“ ќе биде пролонгиран?
Vero

Неизвесно е дали од 1 февруари ќе почне да се применува системот за казнување на возачите преку „Сејф сити“, како што најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, затоа што не е обезбедено двотретинско и бадентерово мнозинство во Собранието, потребни за да се усвојат измените на Законот за прекршоците.

Опозициската ДУИ, предводена од Али Ахмети, не ги поддржува законите што ги предлага власта, а за чие усвојување е потребно и мнозинството од припадниците на заедниците.

Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг рече дека меѓу пратеничките групи сè уште нема договор да се усвојат измените на Законот за прекршоците.

– Ако се постигне договор, законските измени веднаш ќе бидат ставени на собраниска седница за да се изгласаат. Досега на координациите на пратеничките групи немаше забелешки во врска со текстот на измените. Тоа што овој закон не е поддржан е прашање на договор меѓу пратеничките групи – рече Гаши.

Со измените на Законот за прекршоци треба да се овозможи казната за сторен прекршок кој е евидентиран преку камерите на „Сејф сити“ на возачот да му се испрати преку СМС порака или преку електронска пошта.

„Доставата за прекршоците констатирани од посебен електронски систем се врши со испраќање на известување преку текстуална порака на мобилниот телефон или електронската адреса кои ги пријавил сопственикот на возилото. Во известувањето ќе биде доставен линк за преземањена записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог. Доколку сопственикот на возилото, односно одговорното лице во правното лице во рок од 24 часа од испраќањето на првото известувањето не го отвори истото, ќе му биде испратено второ известување со линкот за преземање на записникот со прекршочниот платен налог. Рокот за преземање на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог од доставениот линк е 8 дена од денот на приемот на известувањето. По истекот на рокот од 8 дена од испраќањето на второто известување за преземање од линкот се смета дека доставата е уредно извршена без преземање. Доставата може да се врши и преку дигитална апликација согласно закон“, се вели во измените на Законот за прекршоците.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран