УТРО.мк

Пеколни температури до вторник, потоа следува освежување со дожд, грмежи и засилен ветер

Пеколни температури до вторник, потоа следува освежување со дожд, грмежи и засилен ветер
Vero

Македонија и во следните два дена ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ, што ќе донесе сончево и многу топло време со температури кои на повеќе места ќе достигнат до 39 степени.

Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од источен правец. Утринските температури ќе се движат од 14 до 21 степен, а дневните од 31 до 39 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 38 степени.

Промена на временските услови се очекува од вторник попладне, кога под влијание на циклонска активност ќе има зголемена облачност и повремени врнежи од дожд.

Од среда се прогнозира постепено намалување на дневните температури, како и локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места се можни и поинтензивни временски непогоди со обилни врнежи, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде што повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час.

Максималната температура во вторник ќе достигне до 39 степени, во среда до 38, а во четврток до 37 степени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin