
По веста за неговото ненадејно заминување, неговата последна јавна објава на социјалните мрежи добива уште поголема симболика за бројните обожаватели, сведочејќи за неговата беспрекорна енергија до самиот крај.
Последната видео-објава на Владо Јаневски на неговите официјални профили на социјалните мрежи повторно го привлече вниманието на јавноста.
Станува збор за снимка од неговото неодамнешно гостување на концертот на хрватската пејачка Весна Писаровиќ во Македонската филхармонија во Скопје.
Во видеото е забележан нивниот заеднички настап, при што двајцата го изведуваат добро познатиот дует „Љубав је религија“, песна која Владо Јаневски ја напиша и ја сними со Весна Писаровиќ пред две децении за неговиот хрватски албум.
Во описот на објавата се потсетува на нивната долгогодишна музичка соработка и на специјалното гостување на Владо на концертот во Скопје.
Снимката го доловува топлиот прием што публиката му го приреди на Јаневски, проследен со силен аплауз и видливи емоции во салата. Објавата за кратко време собра бројни реакции и коментари од неговите обожаватели, кои ги споделуваат впечатоците од настапот и ја истакнуваат атмосферата што владееше на концертот.
Целиот текст и видеото може да ги погледнете на glagolica.mk

















