УТРО.мк

Овој мал уред ви ја троши струјата без да знаете – исклучете го навечер и сметката драстично паѓа!

Овој мал уред ви ја троши струјата без да знаете – исклучете го навечер и сметката драстично паѓа!
Vero

Веројатно никогаш не сте помислиле дека еден скромен рутер за интернет може да троши толку многу струја, но ако е вклучен 24 часа дневно, неговата потрошувачка речиси се изедначува со уште еден мал фрижидер во домот. Германската Сојузна агенција за заштита на животната средина предупредува граѓаните внимателно да го проверуваат енергетскиот профил на рутерот пред да го купат и да избираат модели со најмала потрошувачка, и во работа и во стенд-бај режим.

За дополнителна заштеда, се препорачува употреба на рутер кој има опција за автоматско гасење на Wi-Fi сигналот кога не се користи. Многумина не знаат дека апаратите трошат струја и кога се „во мирување“, па затоа експертите советуваат редовно исклучување на сите уреди што моментално не се користат — како што е и полначот за мобилен телефон.

Исто важи и за дигиталните ТВ-приемници, кои продолжуваат да примаат сигнали и по исклучување на телевизорот. Според експертите, ако го исклучите само телевизорот, а приемникот остане активен, тој и понатаму троши околу 22 вати дневно.

Компјутерите — и статичните и лаптопите — се меѓу најголемите „скриени“ потрошувачи. Доколку не сакате да ви „извлечат“ и до 95 вати дневно, најдобро е целосно да ги исклучувате од штекер. Оставањето на стенд-бај режим само ја зголемува потрошувачката.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран