УТРО.мк

ОТКРИЕНИ ИМИЊАТА: Ден Дончев меѓу деветте лица опфатени со истрагата – на удар газди и директори на болницата „САНТЕ“!

ОТКРИЕНИ ИМИЊАТА: Ден Дончев меѓу деветте лица опфатени со истрагата – на удар газди и директори на болницата „САНТЕ“!
Vero

Се прошируваат информациите за големата полициска акција што од утрово се спроведува на повеќе локации во Македонија. Според неофицијални сознанија, девет лица се опфатени со истрагата, меѓу кои и поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев. Во случајот се споменуваат и поранешни и сегашни раководни лица на приватната болница „Санте“, како и функционери и вработени во Фондот.

Припадници на Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност на МВР утрово вршат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Според првичните информации, истражните органи испитуваат сомнежи за злоупотреби поврзани со работењето на приватна здравствена установа и Фондот за здравствено осигурување.

ДЕН ДОНЧЕВ СЕ СПОМЕНУВА КАКО ПРВОПРИЈАВЕН – КОИ СЕ ОСТАНАТИТЕ ЛИЦА?

Според неофицијалните информации, во случајот се наведуваат девет лица:

1. Ден Дончев – поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување, кој според неофицијалните сознанија се наведува како првопријавен.


2. Ридван А. – поранешен претседател на Управниот одбор на ФЗО.


3. Весна Ќ. – поранешна управителка на приватната болница „Санте“.


4. Салих Б. – поранешен сопственик и овластено лице во болницата.


5. Селма А. – сегашна управителка на болницата „Санте“.


6. Гериана А. – поранешна директорка на здравствената установа.


7. Цветен С. – поранешен раководител на Секторот за контрола во ФЗО.


8. Жаклина С. – поранешна директорка на подрачната единица на ФЗО во Скопје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран