УТРО.мк

Осум сомнителни операции под истрага, на ред уште пет случаи

Осум сомнителни операции под истрага, на ред уште пет случаи
Vero

Министерството за здравство преку стручната комисија веќе разгледа осум предмети поврзани со кардиолошки и кардиохируршки интервенции во јавни и приватни здравствени установи. Министерот за здравство, д-р Азир Алиу, информираше дека следната недела ќе бидат разгледани уште пет нови пријави.

Комисијата е формирана на крајот на август, по јавните обвинувања на кардиохирургот д-р Сашко Кедев дека во приватното здравство се вршат непотребни операции заради профит. „Во вторник продолжуваме со работа по новите пет пријави. За вклучување на странски експерти постојат правни пречки, а договорот ќе се потпише по изборите,“ изјави Алиу за време на посетата на Клиниката за кардиохирургија, каде што беше промовирана ново надградена хибридна сала.

Директорот на Клиниката, д-р Дејан Димитровски, посочи дека не учествувал во селекцијата на случаите, но потврди дека кај дел од пациентите по изведени коронарографии се констатирани неправилности.

Во комисијата се вклучени експерти од кардиохирургија, кардиологија, васкуларна хирургија, претставници на Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство, како и правници и економисти.

Обвинувањата на д-р Кедев отворија широка јавна дебата, со тврдења дека дел од здравствените центри треба да бидат затворени. Од „Аџибадем Систина“ реагираа со најава за тужби доколку не се наведат конкретни имиња.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран