УТРО.мк

„Онкологија 2“: Обвинети за незаконски набавки и присвојување на терапија вредна 36 милиони евра

„Онкологија 2“: Обвинети за незаконски набавки и присвојување на терапија вредна 36 милиони евра
Vero

Судскиот процес за случајот познат како „Онкологија 2“ фрли светлина на долготрајни финансиски неправилности во Клиниката за радиотерапија и онкологија, откривајќи шокантни пропусти во управувањето со државните средства и лековите за онколошки пациенти.

На денешното судење сведочеше претставник на Државниот завод за ревизија, кој посочи дека клиниката со години ги кршела правилата за финансиско и материјално работење. Особено алармантно било управувањето со биолошката терапија – најскапиот сегмент од онкологијата. Наместо стручни одлуки од лекарски колегиум, планот за набавка се правел врз основа на минатите трошоци, без реална процена на потребите на пациентите и без сигурност дека лековите ќе бидат доволни за сите.

Ревизорот откри дека постоеле сериозни разлики помеѓу тоа што аптеката го издавала и што организациските единици пријавувале како примено. Дел од терапијата се набавувала „на реверс“ – без договор и фиксна цена, што го правело системот ранлив на злоупотреби.

Во 2021 година, одобрението за терапија го давал медицинскиот директор без да има преглед на залихите, што отвора можност за селективен пристап до лекови. Клиниката немала усвоени медицински протоколи за критериумите кои пациенти можат да добијат биолошка терапија, што ревизорот го оцени како спротивно на законите и создавач на нееднаквост меѓу пациентите.

Исто така, сведокот откри дека понекогаш се правеле набавки пред да заврши постапката за јавна набавка, иако многу лекови имаат ексклузивни продавачи. Ова го крши принципот на конкуренција и остава простор за злоупотреби. Ревизорите не можеле точно да утврдат со што располага клиниката при редовните пописи – од опрема и возила до лекови и материјали – ниту да го усогласат тоа со сметководствените книги. Финансиската документација била недоверлива.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран